среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени две лица од Гевгелија поради сомнение за криумчарење мигранти

Приведени две лица од Гевгелија поради сомнение за криумчарење мигранти

На 02.07.2023 од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, од слобода биле лишени Д.Т.(30) и В.Т.(54), двајцата од Гевгелија. Имено, тие околу 09.10 часот биле забележани од полициските службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Р.Грција.

Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка.