сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени две лица во липковско, кај нив пронајдени фалсификувани пари

Приведени две лица во липковско, кај нив пронајдени фалсификувани пари

На 03.07.2023 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско, ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари.

Имено, при контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.