недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени две лица во скопско поради бесправна сеча на дрва

Приведени две лица во скопско поради бесправна сеча на дрва

Денеска (15.08.2023) околу 13.00 часот во атарот на викенд населба Бродец, место викано „Раеви ливади“, полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода В.Ј. и малолетник, двајцата од с.Љубанци, скопско.

Тие биле затекнати како со моторна пила неовластено сечат огревни дрва.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.