понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци во Скопје, кај нив пронајден и пиштол

Приведени крадци во Скопје, кај нив пронајден и пиштол

На 04.01.2023 во 18.55 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(22) од Босна и Херцеговина, со живеалиште во Шуто Оризари – Скопје и М.С.(20) од Скопје.

При преглед на возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена во подрумски простории на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје и еден пиштол „Берета“, информира МВР.

Предметите им биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот, а тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.