вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени малолетник и тинејџер, кај нив пронајдена дрога

Приведени малолетник и тинејџер, кај нив пронајдена дрога

Денеска (13.09.2023) во 02:30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 12.09.2023 во 20:10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Македонска Каменица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.