понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени седум крадци, расчистени 11 кривични дела во Штип и Карбинци

Приведени седум крадци, расчистени 11 кривични дела во Штип и Карбинци

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистиле 11 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, пет кривични дела „тешка кражба“, две „тешка кражба“ на дрзок начин и три кривични дела „кражба“ извршени на територија на општините Штип и Карбинци. Кражбите се извршени кон крајот на јануари и во текот на февруари годинава.

Како што денеска соопштија од МВР, поради основано сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени А.Ј.(19), Е.Ј.(19), Ш.И.(20), Н.И.(34), Д.М.(34), И.Г.(47) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.