На 09.12.2021 во 10.30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР ОКР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.Т.(54) и Р.Ш.(30), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во текот на овој месец на подрачјето на Гази Баба извршиле две кривични дела „разбојништво“ во спортски обложувалници.
-При извршен претрес од полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба, по претходна судска наредба, во домот кај Р.Ш. бил пронајден и одземен предмет со кој биле извршени кривичните дела. Притоа, Б.Т. се барал по централна потерница од Казнено-поправна установа Затвор Прилеп за издржување на затворска казна, соопштува МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.