На 06.02.2023 во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и 19-годишната С.С., двајцата од Скопје.
По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициски службеници, а С.С. физички ги нападнала додека извршувале службени дејствија.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.