четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени сопственици на два угостителски објекти во Велешта, работеле по дозволеното време

Приведени сопственици на два угостителски објекти во Велешта, работеле по дозволеното време

На 25.12.2020 година, во времето од 21 до 24 часот, полициски службеници од ОВР Струга, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контроли во угостителски објекти во струшкото село Велешта, во врска со Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време на угостителските објекти.

Притоа, констатирано е дека два угостителски објекти, не ги почитувале мерките за работното време до 18 часот и продолжиле со работа и примале гости.

Двата објекти веднаш се затворени од ДПИ, а две лица-сопственици на објектите, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.