петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени три лица од гостиварско, се барале за издржување казна затвор

Приведени три лица од гостиварско, се барале за издржување казна затвор

На 20.02.2022 во периодот од 10.20 часот до 17.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар, како и во гостиварски Балиндол, ги привеле гостиварците Б.С.(43) и Е.Љ.(27), и Б.Ј.(25) од с.Балиндол.

За нив биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворски казни. Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.