На 01.11.2022 во 09.10 часот на локален пат од с.Морани кон ул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево ги лишиле од слобода Н.Б.(48), М.Б.(19) и Ш.Б.(21), сите од с.Вражале, Скопско, затоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.