петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено 18-годишно момче- со остар предмет повредил скопјанец

Приведено 18-годишно момче- со остар предмет повредил скопјанец

Во 19:15 часот во с.Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Х.Р.(18) од с.Грчец.

Тој се сомничи дека на 27.06.2022 околу 21:00 часот во с.Сарај, скопско, по претходна вербална расправија, со остар предмет му нанел повреда на раката на Б.С.(20) од с.Грчец.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.