Полициски службеници од СВР Велес денес постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, по претходно добиени сознанија, во продавница во Велес, сопственост на С.Ч. (50) пронашле и заплениле околу 2200 парчиња пиротехнички средства.
С.Ч. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.