Денеска во 13.20 часот во с.Брњарци, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(43) с.Брњарци.
За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.