На 29.12.2021 во 15.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(28) од Кратово.
Тој бил баран по локален распис за спроведување истрага за сторено кривично дело по член 261 од Кривичниот законик.
Тој бил приведен и предаден во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.