Министерството за внатрешни работи информира дека на 12.10.2022 во 21.50 часот на ул.„Охридска“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги при Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода С.Б.(55) од Скопје.
Тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на 30 месеци од казната.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.