недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од Скопје, затекнато при извршување тешка кражба

Приведено лице од Скопје, затекнато при извршување тешка кражба

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.Х.(49) од Скопје, кој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во деловен субјект на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје.

Како што информира МВР, кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело и алат со кој ја извршил кражбата.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.