На 03.07.2021 во 20.50 часот од полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишен е од слобода И.А.(37) од с.Страчинци, скопско, непосредно по извршување на кривично дело на ул.„Маџари“. И.А. пред спортска обложувалница одзел мотоцикл „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.М.(35) од Скопје.
Украдениот мотоцикл бил вратен на оштетениот. Изготвена е кривична пријава и од Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.