Денеска (03.08.2022) во 12.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(56) од с.Бојане, скопско.
Тој бил баран по централна потерница на барање од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години, за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.