Денеска (07.08.2022) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(34) од с.Рашче, скопско.
Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од девет месеци за сторено кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.