среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице осудено на 11 години затвор

Приведено лице осудено на 11 години затвор

Денеска (27.07.2022) во 12.20 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(32) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец.

При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По документирање на случајот тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.