На 27.07.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода И.М.(35) од Куманово кој се барал за издржување на затворска казна.
Тој, исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело „изнуда“, а при приведувањето кај него била пронајдена и марихуана.
И.М. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.