Во трговски центар на подрачјето на Центар, денеска во 10.30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода М.Е.(26).
Како што информираа од МВР; кај него биле пронајдени пиштол непозната марка 6.25мм и рамка со четири куршуми.
– Притоа, М.Е. немал дозвола за поседување огнено оружје, со што се сомничи дека сторил кривично дело предвидено и казниво по член 395 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.