На 06.02.2022 околу 20.00 часот на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Љ.(46) од Скопје.
При преглед во возилото „ланчиа“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а било утврдено дека регистарските таблички кои биле на возилото припаѓаат на друго возило во сопственост на лице од Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.