На 20.05.2022 во 21.40 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Џ.М.(25) од Тетово за издржување на затворска казна.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.