среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

Денеска (04.10.2023) во 13.15 часот на бул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ј.(39) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.