На 07.07.2023 во 23:20 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода Г.А.(26), жител на селото.
При преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.