понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прободено момче кај „Дижонска“- со тешка повреда итно пренесено во болница

Прободено момче кај „Дижонска“- со тешка повреда итно пренесено во болница

Синоќа во Секторот за внатрешни работи Скопје С.И.(42) пријавил дека околу 20,30 часот кај паркот спроти улицата “Дижонска“ Ф.А. (19) со употреба на нож му нанел рана на неговиот 16 годишен син.

Тој бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била констатирана телесна повреда.

Се работи на целосно расчистување на случајот.