Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.П.(30) од с.Добовјани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 09.08.2020 во Струга, полициски службеници во интернет кафе извршиле контрола, при што бил извршен и преглед над пријавениот и кај него бил пронајден и одземен хашиш.