среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Професор во крушевско средно училиште се обидел да силува ученичка

Професор во крушевско средно училиште се обидел да силува ученичка

На 18.12.2020 во 10.30 часот во Полициската станица Крушево, 42-годишна жена од Прилеп пријавила дека во средно училиште во Крушево Д.К.(54), професор во училиштето, се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Д.К. бил приведен и задржан во Полициска станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.