вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајден хероин, приведен жител на Голема Речица

Пронајден хероин, приведен жител на Голема Речица

На 24.03.2022 околу 12:15 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Ф.Ш. од тетовска Голема Речица, затоа што кај него бил пронајден хероин.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.