На 23.05.2022 во 15.00 часот во Куманово од полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово се лишени од слобода М.А.(42) и Д.Ц.(38), двајцата од Куманово, кои биле во патничко моторно возило “рено”, управувано од М.А., затоа што во возилото и кај Д.Ц. пронајден е хероин.
Лицата се задржани во СВР Куманово и известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.