петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајден малолетникот кој исчезна од установа за згрижување на деца со проблеми

Пронајден малолетникот кој исчезна од установа за згрижување на деца со проблеми

На 23.06.2022 во 02:50 часот на крстосницата од ул.„Орце Николов“ со ул.„Коле Неделковски“ на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле М.А.(15) од Струмица – штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми во н.Хром.

За него на 15.06.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров беше пријавено дека се оддалечил од установата.