среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдена артилериска граната од Првата светска војна кај битолско Крклино

Пронајдена артилериска граната од Првата светска војна кај битолско Крклино

Во атарот на битолското село Крклино, на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, вчера била пронајдена артилериска граната, калибар 75 мм, од Првата светска војна.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.