петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдена дрога при претрес во прилепско, приведен дилер

Пронајдена дрога при претрес во прилепско, приведен дилер

Денеска (16.08) полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.В.( 47) од Прилеп.

Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викенд куќа лоцирана во с. Старо Лагово, прилепско, сопственост на Д.В., и пронајдена е кафеава прашкаста материја и  дигитални ваги.

По документирање на настанот против лицето ќе следува   соодветен поднесок.