Двајца гостиварци се приведени во полициска станица, откако при претрес им била пронајдена марихуана, дигитална вага и муниција за ловечко оружје.
Според СВР Тетово, вчера попладне (30.08.2022) околу 17.00 часот на улица „Фазанерија“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците А.М.(18) и Ј.К.(30). Кај нив, при преглед, а подоцна и при претрес во домот на Ј.К., извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, дигитална вага и пет патрони за ловечка пушка.
Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.