Вчеравечер (4 март) околу 23 часот и 35 минути, во гостиварско Чајле, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Г.С.(30) од Гостивар и Б.Д.(22) и Б.Д.(27) од Чајле, затоа што им била пронајдена марихуана и дробилка.
Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар.По документирање на случајот ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик. Вчера (4 март) околу 21 часот и 45 минути, на излезот од Тетово кон Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.А..(24) од тетовско Камењане и Ф.Р.(25) од тетовско Синичане, затоа што при преглед им била пронајдена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.