сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдена неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна

Пронајдена неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна

Вработен во приватна фирма од Куманово вчера околу 13 часот пријавил дека на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, при изведување градежни работи – вршење на ископ, пронашле стара неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка, информираат од МВР.