недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдени 16 мигранти во струмичко, лицата сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија

Пронајдени 16 мигранти во струмичко, лицата сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија

На 09.02.2022 oколу 14.00 часот на планината Беласица, кај место викано „Слива“, во близина на с.Банско, струмичко, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 16 лица – мигранти (6 од Камерун, по 4 од Пакистан и Мали и по 1 од Индија и Конго).

Мигрантите биле пренесени и сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за натамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.