сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдени 80 грама кокаин во тетовско Џепчиште, приведен дилер

Пронајдени 80 грама кокаин во тетовско Џепчиште, приведен дилер

Денеска (29 март) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот Ф.К. од Џепчиште, тетовско, затоа што во дворот од неговата семејна куќа, во која со судска наредба е извршен претрес, пронајдени се околу 80 грама кокаин и две дигитални ваги.

Ф.К. е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.