понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдени над 15.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар, приведено едно лице

Пронајдени над 15.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар, приведено едно лице

Денеска (22 декември) околу 10.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К.(24) од Гостивар. При преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства.

З.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.