вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдени три деца кои биле пријавени за исчезнати

Пронајдени три деца кои биле пријавени за исчезнати

На 06.05.2023 во Прилеп биле пронајдени М.Б.(12) и Р.В (9), за кои нивната мајка С.Д.(38) од Велес, со престој во Кичево, на 03.05.2023 во Полициската станица Кичево пријави дека се оддалечиле од домот.

Децата биле предадени на нивната мајка.

На 06.05.2023 во 00:05 часот на ул.„Блаже Биринчето“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош го пронашле Д.Д.(16) од Скопје – штитеник од Јавна установа за згрижување на деца-Влае 2, за кој на 04.05.2023 беше пријавено дека се оддалечил од установата.

Д.Д. бил предаден во домот.