четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдено оружје и дрога во дом на скопјанец

Пронајдено оружје и дрога во дом на скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од КЗ на РМ,  во текот на вчерашниот ден (11.12.) по издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје изврши претреси во домовите на неколку лица од Скопје.

При претресите се пронајдени и одземени предмети кои се дадени на вештачење, додека лицата се приведени во полициска станица.

Во домот кај Г.Ј.(41) пронајден и одземен е пиштол и рамка со куршуми, кај Д.К.(27) пронајдени се куршуми, рамка и експлозивна направа, кај Н.А.(22) пронајдени се девет пакувања со марихуана и вага и кај лицето М.Ј.(26) пронајдени се два пакувања со марихуана.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.