Во СВР Скопје вчера во 10.45 часот било пријавено дека во напуштена куќа на улица „Коле Неделковски“ во Скопје, во сопственост на правно лице, било пронајдено тело на починато машко лице.
Увид извршила екипа од Полициската станица Центар, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото било подигнато од А.Д. „Бутел“.