сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во Чаир: Рането едно лице

Пукање во Чаир: Рането едно лице

На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје.

По преземени мерки било утврдено дека на улицата „Крсте Асенов“ во населба Чаир едно лице од пиштол пукало кон В.А..

На местото биле пронајдени две чаури. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.