Во кочанското село Пантелеј вчера, при изведување градежни работи, загина 61-годишниот Л.Г од Кочани. Несреќата се случила околу 14.30 часот. Л.Г. при изведување градежни работи на викендичка, паднал од кровната конструкција, при што починал.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на pполициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.