Работник на 49-годишна возраст од Кавадарци, вчера бил тешко повреден, откако паднал и удрил во метален профил, информира попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По укажаната помош во Општа болница-Кавадарци, работникот Ј.Г. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.