На 28.01.2020 во СВР Велес било пријавено дека околу 11 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, С.Х.(50) од с.Шипковица, тетовско, се повредил при вршење градежни работи.
Тој бил пренесен во велешката oпшта болница, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Велес.