Завчера околу 16:50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во Вевчани, струшко, при чистење на одводен канал, била пронајдена една рачна бомба со непознато потекло од Втора Светска Војна и една кесичка со барут.
Од страна на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување рачната бомба била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.