На 14.03.2022 во 09:40 часот во СВР Тетово, 62-годишниот М.A. од тетовско Одри пријавил дека, изведувајќи градежни работи во стара воденица во селото, пронашол рачна бомба Ф-1, која била корозирана и која најверојатно потекнувала од Втората светска војна.
Извршен бил увид, а експолозивното средство било подигнато и транспортирано од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.